Наши рецепти

Ресторанот „ВИА ИГНАЦИЈА“ повеќе од две децении е синоним за одлични гурмански задоволства, каде илјадници задоволни гости, постојано се навраќаат да вкусат дел од:

  • ВЕВЧАНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ, каков што е золеникот, каурмата или луканецот;
  • МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА ХРАНА каква што е мусаката, тавче-гравчето, сармата или свинското месо подготвено на сач;
  • СПЕЦИЈАЛИТЕТИТЕ ОД СВЕЖА РИБА која ја се одгледува во ресторанските базени, каква што е рибината чорба;
  • СЕКАКОВ ВИД НА СКАРА подготвена на традиционален начин, како и
  • ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ХРАНА.

Во „ВИА ИГНАЦИЈА“ целиот процес на подготовка на храната се одвива согласно највисоките кулинарско-хигиенски станарди, како и со користење на продукти од еколошко (органско) потекло во духот на високото реноме што изминатите децении го изгради Ресторанот.

Резервации и информации на телефон 046-798-527.