Винска карта

Значајна особеност на „ВИА ИГНАЦИЈА“ е широкиот спектар на бели и на црвени вина, кои се дел од ресторанската винарска визба и претставуваат заштитена марка. Во рамките на винскиот бренд „VIA IGNATIA“ влегуваат следните сорти:


PINOT NOIR
Исклучително суво вино со рубин црвена боја . Виното има одличен вкус, кој се одликува со нежно богато тело со овошни ароми на малина и на ванила.
ВРАНЕЦ
Вино со многу интензивна црвена боја, произведено од сортата на грозје Вранец со висок процент на шеќер. Се одликува со арома на суво грозје и малина, со полно тело и нежна структура. Интензивниот овошен карактер на виното е надополнет со силни мирисни компоненти на капина.
САРИСА
Извонредни бело суво вино со бледа зеленкаста боја. Виното е мешавина од сортит Сардоне, Мускат, Отонел, Ркацители и Семијон. Се одликува со чиста арома, свежина и е лесно за пиење.
СЕМИЈОН
Извонредно бело суво вино со бледо зеленкасто золта боја со извонреден вкус со карактеристична свежина и со чиста арома на ананас и на круша. Се одликува со нежно тело и со долг и елегантен свеж финиш.

Освен споменатите, ресторанот располага и со богат вински фонд од следните производители:


Тиквеш
Винарската визба Тиквеш е сместена во срцето на Тиквешкото виногорје, најпознатиот лозарки регион во Македонија. Распространета на површина од 100.000 м2, винарската визба Тиквеш претставува најголема винарска визба во Македонија.
Сковин
Винаријата Сковин нуди висококвалитетно вино, производ од лозовите насади во околината на Скопје.
Фонко
Винарската визба Фонко е основана во 2001 година, со сопствено лозје од десет хектари. Фонко е првата винска визба која е изградена во самото лозје, а лозјето се наоѓа во месноста Лепово Брдо на неколку километри од Неготино.
Бовин
Бовин е првата приватна винарска визба во Република Македонија. Основана е во 1998 година, а на винската мапа на Македонија влезе на голема врата откако на саемот Агро-Експо во 199 година, вината на Бовин ги освоија главните награди во повеќе категории.